Започнаа уписите во пливачкaта школа „Делфини 2012
Започнаа уписите во пливачкaта школа „Делфини 2012“.
Летото е време за спорт, релаксација и рекреација. Период кога децата кои не знаат да пливаат можат да ги совладат и научат пливачките техники. Тоа можат да го направат на градскиот отворен базен под менторство на ренормираното име во овој спорт професор Соња Думбаловска Делова. Пливачката школа „Делфини 2012“ веќе 6 години по ред е место каде охриѓанчињата можат да ги совладаат, но и да ги усовршат пливачките техники. Уписите во школата се во тек, напоменува професор Соња Думбаловска Делова.
„Секако приоритет ни се малите деца кои треба да ги научиме да пливаат во малиот базен. Имаме и други активности за повозрасните дечиња. Има деца со сколиози, лордози што треба да ги третираме во базен. Тоа го дозволуваат и им е препорачано од докотрите, но има и за рекерација оние кои сакаат да дојдат и да ги наполнат батериите со енергија“, вели охридската позната пливачка, судија и тренер Думабаловска Делова.
Покрај деформитетите со рбетот кои децата ги добиваат како резултат на неправилното седење и носење на тешките училишни торби, децата се почесто се соочуваат и со прекумерна телесна тежина. Седењето пред компјутер и неспортувањето го земаат својот данок и доведуваат се почесто децата да имаат прекумерна телесна тежина. Професор Соња Думбалова Делова препорачува во тие случаи да се применува здрав начин на исхрана во комбинација со пливање.
„Пливањето е благодет. Целата мускулатура е во активност и е премногу добро. Но треба да се води сметка и колку и што се јаде да не се гојазни децата кои доаѓаат. Се почесто има деца сколни кон гоење“, наведува Думбаловска Делова.
ПШ „Делфини 2012“ е отворена за упис на деца и возрасни од 5 до 20 годишна возраст. Распоредот ќе биде во неколку пливачки групи со утврден термин. За совалдување на пливачките техники покрај проф Соња Думбаловска Делова се задолжени и тренерите Славчо Цветкоски, Бицевски Јовица и Јованоски Миле.