Започнаа зафати на патеката што ќе ги поврзува Кошишта, Лабино и Канео.
Започнаа зафати на патеката што ќе ги поврзува Кошишта, Лабино и Канео.
Охридската маала Кошишта ќе биде поврзана со реконструирана патека со населбата Канео. Жителите и туристите од Кошишта и Воска досега до капалиштата во локалитетите Лабино и Канео одеа по тревната патека широка едвај 30тина см. Сега се работи на изградба на современо уредена патека.
„ Патеката ќе биде проширена и поплочена. Еден нејзин дел до Калето ќе е изработена со камени плочки , а дел со бекатонки од Лабино до Канео“, најавуваат од Локалната самоуправа.
Должината на реконструираната патека која ќе води од Кошишта до Канео ќе биде во должина од 1315 метри.
Покрај оваа патека ќе се работи и на реконструкција на уште еден крак кој ќе води кон Далјан до подрачното училиште на Св Климент Охридски лоцирано во оваа населба. Кракот е во должина од 990 метри , а ќе се спои со веќе изградените 200 метри, појаснува портпаролот Џамтоски.
„Димензиите на патеката ќе се 1,2 метри широчина од Лабино до Канео , а делот кон Далјан ќе биде во
широчина од 2 метри“, кажува Џамтоски.
Градежните работи на патеката ќе бидат завршени за три месеци. Станува збор за проект на Локалната самоправа според годишната програма на секторот за улици и патишта. За уредување на патеката и споредниот крак кон Далјан ќе бидат издвоени 6 милиони денари од општинскиот буџет.
Долж патеката ќе биде поставено и амбиентално осветлување со препознатливите охридски фенерчиња.