Skip to main content

Започнува летниот сообраќаен режим

Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим.

 |  Валентина Неловска  | 
gali
gali

Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и  „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди на овие раскрсници, нагласува Шикалоски. uli

„Од Мини маркет нагоре, првата улица Галичица и третатта Мирче Ацев, ќе се излезни од Јане Сандански, а втората Ванчо Питошески и четвртатта Карпош Војвода ќе се влезни кон Јане Сандански. Паралените улици со Јане Сандански, 8-ми Септември ќе е еднонасочна во цела должина почнувајќи од улицата Сирма Војвода, а пак на Лазо Трпоски, сообраќајот ќе се одвива во една насока, нагоре од Авто Мото сојуз кон улицата Сирма Војвода“.

Режимот за сообраќај пак, кон Стар град, е без промени и правилата за движење на возилата по улицата „Кирил и Методиј“ се истите како и минатата година, објаснува Шикалоски. Новина се само налепниците кои ќе бидат задолжителни да ги има на стаклата на секое возило.

„За жителите од стариот град ќе се издаваат пропусници кои ќе служат за влез од кај рампите во период од 05 наутро до 20 часот навечер. Во периодот по 20 часот од долниот дел на Кејот не ќе може да се одвива сообраќај во ноќните часови. Со налепниците на возилата ќе се регулира движењето од Горна Порта и Аргир Маринчев од каде возилата ќе може да влегуваат постојано во текот на 24 часа“.

За време на летната туристичка сезона, нов сообраќаен режим ќе се применува и на Кеј Маршал Тито. Од плоштадот, до хотел Палас, на улицата која од секогаш била омилена за пешаците, ќе се одвива  сообраќај. Тука веќе се поставени бетонски кугли кои ја делат 14 метарската улица на пешачка зона, паркинг простор и за сообраќај. Шест метра се планирани за движење на пешаците, а 8 метра за потребите на возачите за движење и паркирање.
Целосното поставување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на сите улици на кои ќе се применува новиот сообраќаен режим ќе биде завршена до 25 јуни.

{loadposition content9}