Skip to main content

Започнува постапката за финансиска поддршка на регионалните системи за управување со отпад

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во неколку региони од државава.

 |   | 

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во неколку региони од државава.

Имено, на последна седница беше усвоена информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион и ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.