Skip to main content

Започнува процесот на раздолжување на Општина Охрид

Мнозинството советници го усвои  извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид. Со тоа започнува процесот на раздолжување на општината и   намалување на вкупниот долг за над 15 милиони евра.  

 |  Валентина Неловска  | 

Советот на општина Охрид со 12 гласа за, 8 против и еден воздржан го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година. Со помош на Владата, почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус , изјави вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески.

„ Општината ќе го намали вкупниот долг за 948.023.989,оо денари или за 15.400.000 евра од кои над 495 милиони „ денари се средства согласно Законот за финансиска поддршка обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, 260.000.000,оо денари по основ отпис на камати и 192.344.553,оо денари средства кои ќе ги обезбедиме во наредниов период од основниот буџет по основ на склучување спогодби со доверителите,“ напомена Георгиески.

Вкупниот долг на општината ќе се сведе на ниво од 530 милиони денари и ќе се подобри нејзиниот кредитен рејтинг. Согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа и единките корисници од областа на образованието Општина Охрид доби од Владата над 495 милиони денари за финансирање на 51% од пријавените доспеани, а неплатени обврски со датум до 30.09.2018 година.

Општина Охрид согласно законот распиша Јавен повик за пријавување на доспеаните, а неплатени обврски кон доверителите. На повикот, за спогодбено утврдување на долгот се пријавиле 108 доверители. Одблокирање на општинската сметка се очекува во наредните две година.