Започнува Скопје Травел Маркет 2015
Саемот за туризам оваа година се одржува од 7-ми до 9-ти мај на Скопски саем. Свеченото отворање ќе се случува на 7-ми мај во четврток во 11 часот, Хала 2, на Скопски Саем.
Саемот за туризам оваа година се одржува од 7-ми до 9-ти мај на Скопски саем. Свеченото отворање ќе се случува на 7-ми мај во четврток во 11 часот, Хала 2, на Скопски Саем.
Свое обраќање на свеченото отворање ќе има г-динот Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, г-динот Никола Бакрачески, градоначалник на град Охрид и Лела Крстевска, претседател на Управен одбор на Стопанска Комора за Туризам на Македонија.
Покровител на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија која е воедно и учесник на саемот со свој штанд ќе промовираат проекти за развој на туризмот во Македонија. Оваа година за прв пат се претставува и градот Охрид кој воедно ќе биде и град-домаќин на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ.
Национални учества ќе има од: Србија, Турција, Црна Гора, Иран, Египет, Бугарија (Банско и Сандански). Исто така учество ќе земат и голем број на туристички компании, агенции од Македонија, како и хотели и неколку општини.
Паралелно со Саемот за туризам во Конгресниот центар на Скопски Саем на 7 и 8 мај ќе се одржи Балканска конференција на тема „Балканот како туристичка дестинација“ во организација на Министерството за економија и УНИДО-Организација на Обединетите нации за индустриски развој.
{loadposition content9}