Започнува со работа Канцеларија за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Петковска и Пецаков
Канцеларијата се наоѓа во старата зграда на ЈП Градски пазар.
Од денеска, 12 март започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петковска и Кирил Пецаков. Канцеларијата се наоѓа во старата зграда ЈП Градски пазар. Во канцеларијата ќе работи асистент , 5 денови во неделата,преку кого ќе може граѓаните однапред да закажуваат средби со пратениците.
„Во Канцеларијата ќе остваруваме средби со граѓаните на Охрид при што ќе можат да дадат свои предлози и идеи подобрување на условите во нашиот град. Ние преку амандмани или предлози ќе можеме сите тие нивни идеи да ги имплементираме во периодот којшто следува“ – Изјави пратеникот Кирил Пецаков.
Пратеничката Лидија Петкоска ги повика граѓаните да ја посетат канцеларијата
„ Со вашите барања предлози и идеи ние ќе бидеме подобри пратеници а истовремено нема да дозволиме законските решенија да доцнат или да се движиме во непосакуван правец. “ – кажа Петкоска.