Започна делењето на саксиско цвеќе во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“
Во рамките на проектот ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе.

Денеска започна проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што Општина Охрид традиционално го реализира по повод 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.
Во рамките на проектот ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:
- ул.„Прилепска“,
- ул.„Винковачка“,
- ул.„Будва“,
- ул. „Радојца Новичиќ“,
- ул.„Кленоец“
Заинтересираните граѓани од гореспопменатите улици , цвеќето може да го подигнуваат денес и утре во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ во период од 9 до 13 часот. За таа цел тие со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Акцијата завршува утре.




