Општина Дебрца започна со реализација на уште еден проект за подобрување на комуналната инфраструктура. Станува збор за изградба на водоводна мрежа во должина од 1000 метри, во село Арбиново. Со овој проект и оние домаќинства кои не беа приклучени на водоводниот систем ќе добијат вода за пиење.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината, а работите ги изведува ЈПКД Дебрца.