Skip to main content

Општина дебрца

Започна изградбата на фекална канализација во Лешани

Во селото Лешани, Општина Дебрца започна изградбата на фекална канализација, со пречистителна станица во село Грко Поле – прва фаза.
 |  инфодеск  | 
Фекална канализација во Лешани

Во Општина Дебрца започна реализацијата на уште еден капитален проект. Изградба на фекална канализација за село Лешани, со пречистителна станица во село Грко Поле – прва фаза.

Во оваа фаза ќе се гради уличната мрежа и врската до локацијата на пречистителната станица. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, која Владата ја пренамени за инфраструктурни проекти во општините. Изведувач на работите е Илинден АД Струга, а подизведувач ГП Победа Ботун – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Фекална канализација во Лешани