Skip to main content

Започна новата школска година-најрадосни првачињата

Успешна нова учебна година им посакуваме на сите ученици од основните и средните училишта од градов, особено успех на оние најмалите, првачињата и секако учениците кои го започнуваат своето средно образование. Со бројни свечености и богата забавна програма започна новата школска година.

 |  Мишел Наумоски  | 
prvacinja
првачиња

Денес започна новата школска година во сите основни и средни училишта во градов и земјава. Со исклучително богата и забавна програма беше одбележан стартот на учебната година.

priredba OU Grigor PrlicevНа првиот училишен ден секако најмногу се радуваа оние најмалите кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Вршителката на должност директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска, на најмалите им кажа дека нивното училиште со радост се подготвувало за нивното доаѓање бидејќи се тие дел од големото училишно семејство. Успешен старт на новата учебна година, и на основците, и на средношколците им посака и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека еден од највисоките приоритети на локалната е токму образованието што може да се види, како што вели тој, во сите зафати кои досега ги направиле и кои отсега ќе ги прават во училиштата.

nova skolska godina„Со кредит од Светска банка, меѓу другото, ќе имаме можност да помогнеме во реконструкцијата на скоро сите основни и средни училишта во општина Охрид. Реконструктивните зафати ќе бидат пред се во делот на енергетската ефикасност во замена на вратите и прозорците и секако во замена на кровните конструкции, онаму каде што има азбестна конструкција и секако санација и реконструкција на санитарните чворови.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

За дел од средните, но и основни училишта и оваа година продолжија проблемите со бројот на запишани ученици. Според в.д директорот на ЕМУЦ „Св.Наум Охридски3, Јане Цаноски, има светло на крајот од тунелот.

„Во моментот се 189, во споредба со минатите години имаме зголемување за дваесетина ученици, тоа е безмалку една паралелка. Ќе повторам позитивен тренд, мило ми е што е така, како нов директор во центарот, и верувам дека тој успешен тренд ќе го задржиме и понатаму.“-рече в.д директорот на ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

prvacinjaГрадоначалникот Бакрачески пак рече дека во локалната се свесни за проблемот со бројот на запишани ученици, но и дека ќе дадат голема поддршка за сите развојни планови на училиштата за кои веруваат дека ќе вродат со плод, односно ќе го зголемат бројот на учениците.

„Секако дека тука големо влијание има и намалениот наталитет кој во изминатите години па и децении за жал претставува тренд не само во Охрид туку и во цела Република Македонија и секако дека она што ние како локална самоуправа можеме да го направиме е да се приклучиме на заложбите на Владата за подршка на овие активности за зголемување на наталитетот кој во наредните години секако ќе вроди и со поголем број на запишани ученици и во основните, а и понатака во средните училишта во Охрид.“-изјави градоначалникот Бакрачески.

uciliste s.LivoistaДенешниот прв училишен ден беше вистински празник во селото Ливоишта. Во ова мало место, за прв пат по повеќе од шеесеттина години, дечињата од селото,  наставата ќе ја следат токму во Ливоишта, каде училишната зграда со децении не функционирала.

„Ова училиште ќе го посетуваат седум дечиња, се надевам дека бројката ќе се зголемува. Имаме една училница адаптирано, имаме просторија адаптирано за наставничката, го решивме санитарниот чвор, изведовме јама околу 30 метри затоа што нема колекторско решение, така да во моментот сметам дека задоволуваат условите за започнување на настават.“-вели Борче Велјаноски од одборот на родители од подрачното училиште „Ванчо Николески“ од с. Ливоишта.

Инаку, адаптацијата и санацијата на училишната зграда во Ливоишта е направена со средства на локалната самоуправа, а во соработка со јавните претпријатија од градов. Уште еднаш им ја честитаме новата школска година на сите ученици, со искрена желба да нижат само успеси.

{loadposition content9}