Започна Охрид Опен 2012
Првиот теквондо турнир во градов после 14 години иако со преполовен, сепак со голем број на учесници.
Конечно Охрид Опен навистина е опен односно отворен. Ова е прв теквондо турнир во градов после цели 14 години, а згора на тоа и по повод прекрасен јубилеј. Македонската теквондо федерација слави свои 20 години постоење или 20 години поминале откако овој спорт за прв пат бил практикуван во Македонија. За овој турнир беше најавено учество на преку 200 натпреварувачи, но дел од нив го откажале своето присуство поради актуелните случувања во Скопје. Сепак тоа не ги спречило останатите 1200-тина учесници да ги покажат своите вештини во теквондото. Меѓу нив и теквондо клубот „Лозница“ од Србија.
„Па прв пат се организира ова натпреварување, овде е навистина преубаво, во слободно време малку го разгледавме градот, а што се однесува до организацијата, само честитки. Па веќе добивме медал во категоријата млади пионери во син и жолт појас имаме златен медал, Алекса Јаковлевиќ освои златен медал во форми.“-рече Златко Павловиќ-Теквондо клуб „Лозница“-Србија.
Помеѓу учесниците беше и еден од трите теквондо клубови од градов и околината, „Хва Ранг-Фист“. Тие задоволни што после долго време се организира ваков турнир.
„Мојот клуб го претставуваме застапени сме со 9 натпреварувачи ќе учествуваме овој пат организацијата е добра и на ниво судиите барем досега се во ред па натака ќе видиме. Цел ни е да излезиме и да се натпреваруваме, а не да освоиме некое место. Така да воопшто не ни е битен успехот.“ -вели Аце Јосифоски-Теквондо клуб „Хва Ранг-Фист“-Охрид.
Претседателот на Македонската теквондо федерација, Сашо Поповски вели дека добил позитивен фидбек околу организацијата на турнирот од сите учесници. А ова се неговите очекувања за охридските клубови.
„Значи за нашиве учесници од нашиве клубовитеТеквондо клуб мастер, теквондо хва ранг итф лескоец и теквондо клуб хва ранг фист од Охрид, очекуваме добар настап. Се надеваме дека ќе го разбиеме мразот и дека ќе освоиме златни медали.“-изјави Сашо Поповски-Претседател на Македонската теквондо федерација.
Инаку на Охрид Опен 2012 учествуваат 12 клубови од пет земји од регионот меѓу кои и натпреварувачи од Република Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија и Македонија како домаќини. Целиот турнир финансиски е подржан од општина Охрид.
{loadposition content9}