Skip to main content

Меѓународен таеквондо итф натпревар

Започна Охрид Опен 2022

Организатор на меѓународниот натпревар е таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, со поддршка на Општина Охрид и други спонзори.
 |  инфодеск  |  ,
Охрид опен 2022

Вкупно 210 натпреварувачи од 8 држави, се дел од Маѓународниот таеквондо ИТФ натпревар “Охрид Опен 2022” кој започна денеска во спортската сала “Билјанини извори”.

На свеченото отворање на натпреварот, во името на Локалната самоуправа поздравно обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Горан Маркоски.

Горди сме што Охрид може да се пофали истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина, а на наша голема радост, во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми успеси.

Со својот спортски дух и упорност, спортистите победуваат и освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе ја поддржи организацијата на вакви спортски случувања – истакна Маркоски во дел од своето обраќање.

Охрид опен 2022

Организатор на меѓународниот натпревар е таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, со поддршка на Општина Охрид и други спонзори.