Синоќа започна „Охридскиот фестивал на виното”, кој се одржува на Градскиот Кеј наспроти хотелот „Палас“.
Првата фестивалска вечер помина одлично. Идејата ни е преку вакви манифестации и настани да придонесеме кон привлекување гости и во овој период од годината – вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Фестивалот продолжува вечерва со настап на Александар Јосифовски, Ареа и Наум Петрески.
За доброто расположение на посетителите на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.