Skip to main content

Патека климе савин

Започна Охридскиот пливачки маратон

Маратонците пливаат на патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до охридското пристаниште во должина од 25 километри.
 |  инфодеск  | 
Охридски пливачки маратон

Утрово од Св. Наум стартуваше 35-тото издание на Охридски пливачки маратон.

На маратонот учествуваат пливачи од Италија, Аргентина, Словенија, Косово и Македонија. Осум пливали ја бранат традицијата на најпрепознатливата македонска спортска манифестација.

Охридски пливачки маратон

Во категоријата мажи честа на Македонија ја бранат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а учествуваат уште Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинешното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Охридски пливачки маратон

Стартот на маратонот го означи градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од Св. Наум точно во 10 часот.

Им посакувам мирни води на пливачите. Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот „Билјана јуниор” – напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Охридски пливачки маратон

Маратонците пливаат на патеката „Климе Савин“ до охридското пристаниште во должина од 25 километри.

Охридски пливачки маратон