Skip to main content

Нацрт закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Започна постапката за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk
 |  инфодеск  | 
Природно богатство

Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата.

„Донесувањето на Законот произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.“ – стои во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk

За датумот на одржување на јавната расправа, јавноста ќе биде навремено информирана.