Skip to main content

Јавно претпријатие за државни патишта

Започна поставувањето на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље

Трајановски: За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5.
 |  инфодеск  | 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека интезивно се работи на реализацијата на проектите кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид.

Имено, вчера беше започна со поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље, а планот на јавното претпријатие e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот да биде ставен во функција.

-За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5, информираше Трајановски.