Започнаа градежните активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.
Проектот опфаќа: изградба на нова атмосферска канализација; изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен); спуштање на водовите на кабелските и другите оператори; комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.
Вредноста на проектот е 39 милиони денари. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет, а изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, Струга.