Skip to main content

Започна сечата на дрворедот на „Партизанска“, липите ќе се менуваат со лигуструм

Отстранувањето на повеќедецениските липи на оваа улица е дел од најавената реконструкција на дрворедите низ градов.

 |  Мишел Наумоски  | 
drvored
дрворед

Липите на Партизанска заминуваат во заборав. Од денес започна сечата на овие повеќедецениски дрва како дел од реконструкцијата на дрворедот на улиците низ градов. 

lipi drvoredОд ЈП „Охридски комуналец“ кои се задолжени за реконструкција на дрворедите, велат дека постоечките дрвја на „Партизанска“ ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Од „Комуналец сметаат дека искуството со реконструкцијата на дрворедот на улицата „Димитар Влахов“ покажала дека лигуструмот има декоративен изглед и е отпорен на временски промени, аерозагадувања и заболувања и нема длабок корен, па токму затоа и дрворедот на „Партизанска“ се менува со истиот тип на дрво. Сепак се чини дека иако не се работи за отстранување на дрворедот, туку негова реконструкција, не изостанаа и реакции од јавноста. Особено бурни реакции имаше на социјалната мрежа фејсбук, на која акцијата за замена на дрворедот на „Партизанска“ беше опишана како тажна, сурова и непотребна.

ligustrumДодека екипата на ТВМ ја снимаше сечата на липите, еден странски турист откако дозна дека се прави замена на дрворедот, не запраша „Како планираат да заменат 50 годишни дрва“? Слични, па дури и многу посериозни реакции имаше и пред 2 и пол години, кога се менуваше дрворедот на ул. „Димитар Влахов“. Тогаш група револтирани граѓани собираа и петиција за спас на липите која иако масовна, сепак не вроди со плод. Во текот на денешниов ден беа исечени дрвата на потегот од Поштата  до Универзитетот „Свети Апостол Павле“, додека во наредните денови ќе се сече останатиот дел од дрворедот и тоа во вторник на потегот од универзитетот „Свети Апостол Павле“  до полигонот за мали спортови, среда од полигонот до католичката црква и четврток од католичката црква до Комерцијална банка.

Поради споменатите активности, од ЈП „Охридски комуналец“ со молба до граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на оваа улица во периодот од 6 часот наутро до 12 часот на пладне, од денес па до четврток на горенаведените локации.

{loadposition content9}