Skip to main content

РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид

Започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука ,,Ванчо Питошески “

За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава.
 |  инфодеск  | 

На ден 27.09.2024 година официјално започна со работа Регионалниот центар за стручно образование и обука ,, Ванчо Питошески ” – Охрид, кој со реновирање започна во  2022 година, а инвеститор е Министерството за образование и наука. 

Од училиштето информираат дека извршени се следните градежни зафати во вредност од 1.7 милиони евра:

1. Промена на азбестниот кров со нов лимен  2300м2

2. Промена на подови 1720 м2

3. Енергетски ефикасна фасада 4980 м2

4. Нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација

5. 296 нови  врати, прозори, портали

6. Обработени и молерисани ѕидови  – 5500 м2

7. Соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода

8. Партерно уредување – 3230 м2 бекатон

9. Партерно осветлување – 34 големи и 66 мали канделабри

10. Реновирани  40  соби и тоалети во ученичкиот дом и нова читална

11. Нов противпожарен систем

12. Озвучување на училиштето и ученичкиот дом

За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава, се додава во нивното соопштение.