Skip to main content

Дебрца

Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Општина Дебрца во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации
 |  инфодеск  | 

Денес започнаа активности за уредување на речното корито во с.Белчишта во должина од 150 метри, со уредувањето се предвидува  расчистување на теренот од вегетација поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот  и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.

Средства за уредување на речното корито се обезбедени од буџет на општина Дебрца.

Општината во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации во општината и тоа:

– Реконструкција на поранешна продавница во село Ботун;
– Реконструкција на Административната зграда на општината со целосна реконструкција на големата сала за состаноци во општината;
– Набавка на нова пумпа за пумпната станица во село Мешеишта и санација на резервар за вода;
– Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом во село Годивје;
– Поставување на улично осветлување до манастирот св.Богородица село Ботун.