
Во рамки на првата акција за вештачкиот мрест на Охридската пастрмка викендов беа изловени 63 полово зрели единки, а од нив се оплодени и инкубирани 70.000 икри, информираа од Државниот Инспекторат за земјоделство. Рибите кои беа уловени, на крајот на акцијата беа вратени во жива состојба во водите на Охридското Езеро.



Активностите се одвиваа во соработка помеѓу Државниот Инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод Охрид, а целосната програма е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Инспекторите и понатаму ќе ги следат и поддржуваат процесите за подобрување на состојбата на рибниот свет, особено на значајните врсти за нашиот регион, како што е пастрмката, велат од Државниот Инспекторат за земјоделство.
Latest Охрид
