Започнаа Денови на кариера во Касарна Хаб
Започнаа Денови на кариера во просториите на Касарна ХАБ Охрид. Најголемите и најуспешни ИТ компании од Македонија на свои штандови денеска и утре во Касарна ХАБ ги презентираат моделите на работа, споделувајќи дел од своите искуства, ќе понудат работни позиции за младите од југозападниот регион.
Заинтересираните млади лица на настанот имаат можност за остварување директни интервјуа за вработување во ИТ секторот. Владимир Дукоски, дипломец на Факултетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид детално се запознал со условите кои ги нудат овие компании, вели дека му се допаѓаат условите и флексибилноста на работното место.
Убаво е тоа што се во тренд со услови за работа како за почеток има прилика за обука и менторство и се флексибилни за работно време и работен простор така да се многу модерни со нешто шо се практикува во светот и доколку не би бил фриленсер би работел дефинитивно во некоја од овие фирми – истакна Дукоски.
Пронаоѓањето на ИТ професионалци во Македонија не е лесно, но Елена Милеска Дворчанец од ItLabs вели дека компанијата пронаоѓа модули како да допре до младите кои поседуваат соодветно знаење и вештини, но и дека го прифаќаат популарниот феномен преквалификација.
Секогаш сме отворени за нови луѓе кои сакаат. Популарно е ИТ светот и тоа да се прават кариерна преквалификација за луѓе кои што завршиле друг факултет да се пренасочат. Баш во моментов имаме оглас за практиканти, каде што тие имаат можност да работат на реални проекти да работат во тимови да ја осетат самата работа во ИТ компанија и по завршувањето на праксата им нудиме можност за вработување – кажа Милеска Дворчанец.
Наум Димитровски од Касарна Хаб вели дека настанот е важен за градот и ќе го олесни начинот и постапката за вработување. Целта и Визијата е да се овозможи побрза регрутација на луѓето од регионов за работа во ИТ секторот.
Да ги запознаеме младите со можностите кои ги има ИТ сферата, да аплицираат да одат на пракса, евентуално да се вработат, да се доквалификуваат и преквалификуваат. Колегите од другите компании со штандови им објаснуваат каде може да објаснуваат, за што да аплицираат, што програми имаат за нив, за програми имаат за нив за кариерен развој, имаме и неколку предавачи за кариерен развој – вели Димитровски.
Во рамките на настанот, денеска се одржа панел Дискусија „Јас меѓу пазарот на труд и образованието“ и работилница насловена „Дали сум привлечен за работодавачите“.
Ќе им овозможиме да поминат низ процес на самопроценка да утврдат колку моментално се подготвени за да влезат на пазар на труди и да го спознаат она што уште им треба. Се надеваме дека ќе добијат корисни информации што ќе ги однесат на патот кој што го посакуваат – истакна Марија Коваческа, меѓународно сертифициран советник на кариера преку Асоцијацијата на советници за развој на кариера
Агенција за вработување на РСМ претставува институција која исто така обезбедува бесплатни ИТ вештини. Маја Ташева Биткоска, советник за активни мерки во Центарот за вработување при агенцијата смета дека ваквите настани поттикнуваат вработливост и дека ова претставува место за остварување на линк меѓу работодавачи и невработени.
Ќе се оствари таков линк ги повикувам да се вклучат и да го посетат настанот кој ќе им овозможи директна средба со работодавачите, а агенцијата ги повикува да се пријават и да се стекнат со првични информации за оперативниот план за 2023 кога повторно ќе имаат можност за апликација за бесплатни обуки за бесплатни вештини во организација со СЕМОС – рече Ташева Биткоска.
Во Охрид моментално има 9.000 млади лица од 15 до 29 години, кои се потенцијални кандидати кои имаат шанса и можност да ги искористат придобивките од настанот.