Синоќа со свечена пригода беа отворени Спортските синдикални игри кои се во организација на Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Преку спортот и спортските игри се обновува позитивната енергија. Спортските игри го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, но дружењето го јакне заедништвото и тимската работа која е потребна за ефикасно справување со секојдневните професионални предизвици – вели градоначалникот Пецаков.