Саду
Започнаа Спортските синдикални игри во Охрид
Деновиве во Охрид се одржуваат Спортските синдикални игри. На свеченото отворање синоќа пред присутните се обрати градоначалникот Пецаков.
Синоќа со свечена пригода беа отворени Спортските синдикални игри кои се во организација на Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Преку спортот и спортските игри се обновува позитивната енергија. Спортските игри го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, но дружењето го јакне заедништвото и тимската работа која е потребна за ефикасно справување со секојдневните професионални предизвици – вели градоначалникот Пецаков.



