Skip to main content

Црвен крст Охрид

Започнаа уписите за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 03.02.2024 г. (сабота) од 13-15 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 годинипреку игра, забава и дружење ќеја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.

Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови,по еден часседмично,во траење од 45 минути.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046261909 или 072 246175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 01.02.2023 г., секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 03.02.2024 г. (сабота) од 13-15 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.