Започнува акцијата на „Охридски Комуналец“ за подигање зелен отпад
Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.

Се молат граѓаните кои живеат во овие урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Работната единица „Механизација” на телелефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од претпријатието благовремено да го подигнат.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
{loadposition content9}