Skip to main content

Општина Охрид

Започнува дигитализацијата на Општина Охрид

Електронско плаќање на локални даноци и комунални такси, преку еден кориснички профил, со било која картичка, од било каде, 24 часа на ден.
 |  Голабовски Крсте  | 

Почнувајќи од денес сите сопственици на имот и други обврзници, по основ на локални даноци и такси, своите обврски кон Општина Охрид, ќе може да ги регулираат на најбрз и најекономичен начин, преку новиот систем за електорнска наплата, објасни градоначалникот Кирил Пецаков.

„Овој зафат го реализираме со минимални трошоци и максимални заштеди, приклучувајќи се меѓу првите во Македонија на националната е-ЛСТ платформа, поставена во рамките на проектот „Дигитализација на услугите на локалната самоуправа“ имплментиран под покровителство на УНДП и ФИТР“- објасни Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Решенијата за комунална такса ќе се доставуваат исклучиво по електорнски пат, преку официјалните е-маил адреси на фирмите кои ги имаат доставено во централен регистар. Дигитализацијата на оптинските услуги не застанува тука. Агендата за дигитализацијата на опшинските услуги продолжува со засилено темпо. Бенефитот граѓаните ќе го почувствуваат веднаш, вели првиот човек на Охрид.

„Во најбрз рок ќе стартува унапредувањето на општинскиот информационен систем, со овозможување на електронско следење на статусот на предметите од страна на граѓаните, како и амбициозниот проект за воведување на виртуелен напреден едношалтерски систем. Заштедите веќе од наредна година ќе ги почуствуваме ние во вистинска смисла на зборот“ – рече Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Даночните обврзници бесплатно може да проверат доспеан данок по основ локален данок на имот, да направат проверка на данок по основ комунална такса за фирма, да ги плаќаат електронски доспеаните локални даноци и комунални такси, преку еден кориснички профил, со која било картичка, од било каде, 24 часа на ден. Со ова нашата општина ќе се етаблира како високо транспарентна и ефикасна администрација на национално ниво и пошироко.