Skip to main content

ARTE AZZURRA – Пештани

Вечерва започнува “Културно лето Пештани“

Културното лето во Пештани ќе трае шест дена.
 |  инфодеск  | 

Свеченото отворање на манифестацијата “Културно лето Пештани“ која прераснува во традиционална ќе биде на самиот брег, во центарот на Пештани со почеток во 20.30 часот.

„Сите уметности: ликовна, книжевна,музичка и драмска ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“ – велат организаторите од Граѓанското здружение “ARTE AZZURRA”.

Културното лето во Пештани ќе трае шест дена.

На 07. Август со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје.

Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилницаМанифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид