Од утре 30.08.2023 (среда) започнуваат градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.
„Проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. „ – информираат од локалната самоуправа.
Вредноста на проектот изнесува 39 милиони денари, а изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ Струга.
Од општината апелираат до граѓаните што живеат и гравитираат на овој дел од градот да се придржуваат до новиот сообраќаен режим.