Во сабота во 12 часот започнуваат подготовките за годинешната Бадникова поворка, а ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.
Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.
Во Велгошти пробите започнуваат во недела, на 14ти декември, со почеток во 18:00 часот во манастирот Св. Петка. Сите кои сакаат да се пријават можат да го сторат тоа на телефонскиот број 078 335 363.
-Ве очекуваме со радост! Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.