Skip to main content

Започнуваат уписите на деца за БРЕИНОБРЕИН програмата на Црвен крст Охрид

Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 06.09.2025 г. (сабота) од 09:00-11:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно, порачуваат од Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 21.08.2025 г., секој работен ден од 9-15 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 06.09.2025 г. (сабота) од 09:00-11:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на шесте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб-Хрватска, Белград-Србија и во Дубаи-Обединети Арапски Емирати.