Skip to main content

Започнуваат уписите за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 11.09.2026 г. (петок) од 17-19 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид започнува со уписите за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, наменета за деца од 3 до 5 години.

Преку игра, забава и дружење, децата ќе имаат можност да ја развиваат и зајакнуваат самодовербата, како и да стекнуваат вештини значајни за нивниот понатамошен развој и успешно совладување на училишните задачи.

Програмата опфаќа креативни и едукативни вежби за броење, помнење и концентрација, размислување, графомоторика и фина моторика, како и активности за осознавање на просторните и временските односи. Дел од програмата се и вежби за развој на говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вештини и насочување и одржување на вниманието.

Вежбите се приспособени на возраста и потребите на секое дете, со цел тоа да стане посвесно за своите способности, да научи да не се откажува при соочување со грешки и да стекне храброст слободно да ја изразува својата креативност.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.

Есенскиот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261 909 или 072 246 175, на е-маилот ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 27.08.2026 г., секој работен ден од 8 до 16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 11.09.2026 г. (петок) од 17-19 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.