Skip to main content

Со започнување на пролетта се интензивираат активностите за одржување на јавната чистота

Се чисти градскиот кеј, но и делот покрај коловозните ленти на патниот правец Охрид-Свети Наум.
 |  инфодеск  | 

Со започнување на пролетта се интензивираат активностите на ЈП Охридски Комуналец за генерално чистење и миење на коловозите, тротоарите и други јавни површини во поширокото градско подрачје.

Се чисти делот покрај коловозните ленти на патниот правец Охрид-Свети Наум од расфрлан ситен комунален и тешко разградлив отпад (лименки, пластична и картонска амбалажа и др)

Со специјална механизација се интервенираше во расчистување на крајбрежниот појас од градскиот кеј, во близина на Холандски Парк, а се спроведе и машинско миење на кејот на оваа локација.