Skip to main content

Едриличарска федерација

Запознај го едрењето заштити го езерото

Отворен едриличарски ден, односно бесплатни тури со едрилици по Охридското езеро.
 |  инфодеск  |  ,
едрилици

По повод денот на езерото Едриличарската федерација на Северна Македонија, во склоп на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ финансиран од делегацијата на ЕУ во РСМ, организира отворен едриличарски ден, односно бесплатни тури со едрилици по Охридското езеро.


На 21 јуни, со почеток во 10 часот, на градските пристаништа во Охрид и Струга, сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со едрењето . Турите се организирани на секој еден час, со времетраење од по 45мин.

Пријавување на официјалната ФБ страна на едриличарската федерација или на следните контакт телефони:
071525009 – едрење во Охрид
071220784 – едрење во Струга