Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто
Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто.
На охридското крајбрежје денес беа посадени неколку палми. Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.
„ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно уредување на градот и раззеленување на зелените површини. Во иднина активностите ќе бидат зачестени и во наредните 2-3 години Охрид ќе биде најдобро уреден град во хортикултурна смисла“.
Жарко Караџоски, директорот на ЈП Македонски шуми ги напомена и новините во изминативе 5 години. Засадувањето на садниците почна да се спушта и во самите градови.
Тоа е почеток на проектот, а секоја наредна година бројот на палми ќе се зголемува. Караџоски кажа зошто ги избрале палмите како садници со кои ќе се зазелени охридската ривиера, а не некое друго автохтоно дрво.
„ Направивме анализа, стручните екипи дојдоа до таква констатција и засадивме влакнеста палма која издржува температура до -10 степени. За одржување на младите садници ќе му поделиме на комуналец брошури. Оваа година ако има температура под -10 да бидат адекватно заштитени и обложени со најлон. Понатака кога ќе стекнат зрелост нема да има потреба. Тоа го кажува науката“.
Засадувањето на палмите почна во саботата со акцијата во Дојран каде што исто така е планирано да бидат посадени 100 палми како и во Охрид, и 30 палми во Струга.
Во годинешената акција „Ден на дрвото“ се најавени 5 милиони садници, од кои, како што кажа Караџоски, 100.000 ќе бидат посадени во Скопје.
{loadposition content9}