Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Денес реализиравме заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ засадувајќи зимзелени декоративни садници и цветен расад од сопствено производство во училишниот двор од оваа образовна установа. Дадовме заеднички придонес во подигнување на еколошката свест за зачувување на здрава животна средина, како и обврска за грижата на околината која не опкружува – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.