Skip to main content

Со засадување дрвца Збогум Буково ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената

Од Збогум Буково ги покануваат граѓаните на 8-ми Март во 12 часот, да дојдат во Холанскиот парк и да засадат дрвце во чест на жените во нивниот живот.
 |  инфодеск  | 

Со засадување дрвца во Холандскиот парк во Охрид еколошкото здружение Збогум Буково ќе го одбележи Празникот на жената, 8-ми Март.

-Втора година го организираме настанот “Те сакам, за тебе засадив дрво”, поинаков начин на обележување на 8 март, интернационалниот ден на жената. Оваа година во соработка со Eko Fluid, Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и волонтери од #училиштабезпластика ќе се дружиме во Холандскиот парк во Охрид, најавуваат од Здружението Збогум Буково. Додаваат дека за дамите ќе има изненадувања, а за најмалите креативна еколошка работилница.

Од Збогум Буково ги покануваат граѓаните на 8-ми Март во 12 часот, да дојдат во Холанскиот парк и да засадат дрвце во чест на жените во нивниот живот.