Заштитете го остатокот од Студенчишкото блато, препорачува врвен научник за блатни екосистеми
Заштитете го остатокот од Студенчишкото блато, препорачува врвен научник за блатни екосистеми.
Заштита и ревитализација на остатокот од Студенчишкото блато, препорачува проф. д-р Јос Ферхуфен врвен научник за блатни екосистеми.
Тој денес го посети Студенчишкото блато и констатира дека е многу важно да се зачува и да не се уништи она што останало од некогашниот поголем екосистем. Експертот е добро запознает со проектите кои беа најавувани да се реалираат од поранешната влада, за кои агласи дека се крајно штетни за блатото, а може да се спроведат на други локации без негово уништување.
„ Иако некои заговараат дека 5 хектари се доволни за да остане од блатото тоа е мала површина од еден блатен систем кој не толку одмна бил дел од огромна површина. Сметам дека не смее блатото да се деградира. Улогата на блатот е многу голема и повеќе значајна. Блатото покрај тоа што изобилува со бидиверзитет во него има многу животински и растителни видови кои покрај недостокот на блатни системи ги нема на други места“, посочува д-р Ферхуфен.
Прва улога на блатото е биодиверзитетот, но е и пречистувач на водата која влегува во езерото.Има важна улога за зачувување на езерото како важен екосистем за идните генерации. Многу важно е да се едуцираат граѓаните за околината и богатството кое го имаат. Професор Ферхуфен упати препорака што е важно за локалниот економски развој.
„ Развојот би може да се одвива во согласност со природата и формирање на еден Центар за посетители.Тој би бил истражен центар да има туристи илокално населени и деца од училишна возраст за да се запознаат со квалитетот на блатото, со функцијата и намената“, кажа д-р Ферхуфен.
Врвниот научник за блатни екосистеми проф. д-р Ферхуфен, е претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми и со негови заложби Охрид е избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок за 2018 година.