Skip to main content

Засилени контроли на пловилата во Охридското Езеро

Инспекторите извршија надзор врз сите бродови, кајчиња, катамарани, колку тие ги исполнуваат условите за безбедност на туристите. Дел се придржуваат, но дел не го почитувале законот за внатрешна пловидба, заработија  казни.
 |  инфодеск  | 

Засилени инспекциски надзори на пловните објекти во Охридското Езеро.  Покрај редовни, се вршат  и вонредни контроли на бродовите, кајчињата и катамараните, кои превезуваат патници. Изминативе шест месеци, констатирани се 18 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба.   

Од капетанијата велат мора да се исполнуваат  високи стандарди за безбедност. Заштитни појаси, сидро, вене за спасување, противпожарен апарат и радио врска е минимум опремата, која мора да  ја поседуваат сите пловила.

„Три редовни надзори на бродови, четири воредни надзори на катамарани, два вонредни надзори на пасари со надградба тоа се бродови до 12 патници и 19 вонредни надзори на кајчиња. Од извшените вкупни надозри контатирани се 18 прекршоци на чамци и тоа за ноќно пловење, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистарска ознака и еден катамаран е казнет за претовар на патници.“- вели Илија Арнаудоски капетан во Капетанија на пристаништа.

Биро Веритас ги прегледа  комерцијалните  бродови, тие се технички исправни и  безбедни за панорамските патувања на туристите. Имаат исправна хидрантска мрежа, ПП апарати и  навигација.

„Сакам да напоменам и да апелирам до возачите на чамци во лентиот  период ќе се зголеми обемот на инспекциски андзори во соработка со езерската полиција. Сакам да апелирам до сите учесници во внтарешната пловидба, навремено да си ги регистрираат своите чамци да ги извршуваат обврските на пловилата и да се придржуваат до правилата и мерките за безбедна пловидба.“– вели Арнаудоски.

Годиниве наназад  во внатрешната пловидба регистрирани се повеќе инциденти, опожарени пловила, сообраќајки  со глисери, скутери, но  и најголемата бродска несреќа  потонувањето на бродот Илинден.

Новинар Соња Рилковска