СВР Охрид
Засилени контроли во патниот сообраќај, 15 возачи возеле под дејство на алкохол
Вчера вкупно 15 лица возеле под дејство на алкохол: 8 во Охрид, по 3 во Струга и Дебар и 1 лице во Кичево.

полиција
На 5-ти и 6-ти јули 2025 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.
– Притоа, полициските службеници контролирале 278 возачи на моторни возила, од кои 110 во Охрид, 73 во Струга, 59 во Кичево и 36 во Дебар. При извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол. Од нив 8 во Охрид, по 3 во Струга и Дебар и 1 во Кичево. Тие биле веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.






