На 13.04.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници.
Притоа не констатирале технички и други неисправности. Воедно, затекнати и санкционирани се 14 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-05, Струга-09). Полициските службеници во Кичево, затекнале 13 возачи кои во населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Ним, им се изречени прекршочни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.