На 26.07.2023 година во периодот од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-12, Струга-10, Кичево-10, Дебар-07).
Целта на контролите е доследно придржување до одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можности за сообраќајни незгоди, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.