СВР Охрид
Засилени сообраќајни контроли, казнети охриѓани кои возеле побрзо од дозволеното
Полициските службеници санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
На 28.06.2023 година од 19.00 до 24.00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
„Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот.“– информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


