Skip to main content

СВР Охрид

Засилени сообраќајни контроли, санкционирани мотоциклисти

Во наредниов период, полициските службеници ќе ги интензивираат контролите на моторциклистите со цел, доследно почитување на законската обврска за користење заштитна кацига и друга заштитна опрема .
 |  инфодеск  | 
Полиција мотоциклисти

На 29.04.2024 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 11 моторциклисти кои управувале мотор, без заштитна кацига (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03).

„Во наредниов период, полициските службеници ќе ги интензивираат контролите на моторциклистите со цел, доследно почитување на законската обврска за користење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со мотор или моторцикл и зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и култура.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.