Skip to main content

Засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид

При сообраќајни контроли извршени на 19.10.2021 година во времето од 08 до 12 часот, полициските службеници на подрачјето на Охрид и Струга, извршија контрола на 87 моторни возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-47, Струга-40) од кои, 25 се упатени во станица за технички преглед (Охрид-12, Струга-13).

 |   | 
Полициски службеници

Притоа во Струга, кај пет возила констатирани се технички недостатоци. Во Охрид не се затекнати возила кои вршат нелегален такси превоз, а во Струга, со специјално возило „пајак”, подигнати се девет неправилно паркирани моторни возила. Во Дебар, полициските службеници регистрираа и санкционираа 12 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (04 во населено место и 08 надвор од населено место), а во Кичево, при преглед на 08 моторни возила, констатирани се 02 прекршоци за што поднесени се соодветни прекршочни платни налози. Целта на контролите е зголемување на сообраќајната безбедност на патиштата – информираат од СВР Охрид.