Skip to main content

Екологија

Заштита и можности за зелени бизниси

Денес во Општина дебрца започна обуката при заштита, зачувување и можности за зелени бизниси – Белчишко Блато.
 |  Голабовски Крсте  | 
Белчишко блато

Денес во Општина дебрца започна обуката при заштита, зачувување и можности за зелени бизниси – Белчишко Блато.

Обуката е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 август 2022 г.

Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото.

Белчишко блато

Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.