Во организација на „Sites & Cites“ од Франција, во Охрид денес се одржува семинар на тема „Заштита на урбаните јадра“. Присутните ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.
Заштитата на урбаните јадра е клучна обврска, но тоа не треба да подразбира ставање крај на развојот на градот. Сето ова треба да биде една симбиоза за да се создаде одржлива иднина за градот и идните генерации. Клучна обврска на менаџментот на еден град, од една страна треба да биде заштитата на културно – историските знаменитости и животната средина, а од друга страна подеднакво важно е и градењето и развивањето на градот со цел креирање иднина за младите – истакна Пецаков во дел од своето обраќање.
На семинарот учество зедоа заменик градоначалникот на Елбеуф од Франција, градоначалникот на Битола, претставници на Француската и Албанската амбасада, претставници на Министерствата за култура од Македонија и Албанија. Свои презентации имаа општините Кавадарци, Куманово, Велес, Битола, Берово, Кавадарци, Кратово, Куманово, Охрид, Штип, Берат и Елбасан.