Skip to main content

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

На светскиот ден на животната средина, Охрид и натаму се соочува со предизвикот-зачувување на Охридското езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohridsko ezero
Охридско езеро

Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки.

Ohridsko ezero„Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува низ населби со нерешен приклучок на колекторскиот сигнал на фекалната канализација, и фекалиите се влеваат во реката Грашница. Исто така имаме индустриски објекти кои не ги применуваат оние строги критериуми на работа од аспект на еколошка заштита  и доаѓа до деградација на реката Грашница, таа се влева во Охридското езеро и која не е богата со флора и фауна.“-вели Лазо Наумоски-независен екологист.

Значењето на заштитата на животната средина има огромно значење. Во свет во кој се посериозен проблем е глобалното затоплување, зачувувањето на природните богатства во Македонија, особено Охридското езеро е несомнено приоритет.

cad od vozila„Водената огромна маса со 58 километри кубни вода претставува голем потенцијал и за Охрид и за Македонија. Знаеме дека климатските промени ни тропаат на врата. Светот ќе биде соочен со недостаток на вода за пиење. Од вкупната вода за пиење во светов која изнесува некаде 1,6 милијарди метри кубни, 99,5 проценти им припаѓа на солените води, на морињата и океаните, а само 0,5 проценти на слатките води. Затоа ние треба Охридското езеро да го зачуваме да биде еколошки чисто.“-додава Наумоски.

Дали преку водата, почвата, воздухот, загадувањето на животната средина ги засега сите. Токму поради тоа во одбележувањето на 5ти јуни, светскиот ден на животната средина се приклучи и Секторот за внатрешни работи од Охрид. Тоа го направија на специфичен начин. Поставија пунктови за контрола на системот за испуштање на согорени гасови, а исто така мобилна екипа упатуваше моторни возила на вонреден технички преглед. Таму дознавме дека максималната емисија на издувни гасови треба да изнесува 4 единици, но најголемиот дел од постарите возила кои доаѓаат на технички скоро двојно ја минуваат таа граница. Затоа заштедете пари, обидете се со велосипед. Природата ќе ви биде благодарна.

{loadposition content9}