Skip to main content

Превентивна кампања

Заштити се од пожари на отворен простор

Реализирана превентивната кампања „Заштити се од пожари на отворен простор” во рамки на превентивниот проект „Безбедно лето 2022″. Како дел од превентивниот проект, беше реализирана и кампањата ,,Заштити се од кражби на плажа”.
 |  инфодеск  | 
Превентивна кампања

Во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022″, СВР Охрид вчера на патот Охрид–Св.Наум, со кракот кон планината Галичица и Отешево, ја реализираа превентивната кампања „Заштити се од пожари на отворен простор”.

Притоа, претставници од Одделението за превенција и од Националниот парк „Галичица” на граѓаните кои се движеа на тој потег им укажаа на опасностите и последиците од пожари и на потребата од безбедно движење и престој во планинскиот појас, на потребата од преземање мерки за заштита од пожари, а ги потсетија и на казнените одредби за непридржување кон законските обврски. Беа поделени летоци и друг едукативен материјал со практични совети за заштита од пожари на отворен простор.

Превентивна кампања

Како дел од превентивниот проект „Безбедно лето”, беше реализирана и кампањата ,,Заштити се од кражби на плажа”.

Притоа, на повеќе плажи на охридското крајбрежје беа остварени разговори со туристите и им беше укажано на потребата од поголема внимателност и заштита на паричниците и другите вредни лични предмети кои ги носат на плажа или ги оставаат во паркираните возила. Полициските службеници поделија и летоци со едукативна содржина и практични мерки за поголема заштита од кражби на плажи.

Превентивна кампања